Трудова инспекција го „чешла“ Кривичниот суд

По пријава на Горан Стаменковски, вработен во Кривичниот суд денес во судот биле инспектори од трудова инспекција.

Инспекцијата проверувала дали навистина Стаменковски бил, како што тврдел во пријавата, деградиран во службата.
Контролата на трудовите инспектори ја потврдија од „скопска единица“.

Од судот појаснуваат дека Стаменковски бил унапреден во новоформираното Одделение за човечки ресурски, но дека тој одбивал да ги извршува работните задачи.

"Судниците во последно време повеќе се места за пресметки меѓу вработените, отколку што се користат за пресметки со криминалот
Судниците во последно време повеќе се места за пресметки меѓу вработените, отколку што се користат за пресметки со криминалот

За едни вработени, Стаменковски е позитивна личност, да други, пак, наводно станувало збор за конфликтна личност.

„Станува збор, ве уверувам, за човек кој си ги извршува поставените задачи“, посочува негов колега.
„Постапките на Стаменковски се за секоја осуда. Ништо не работи и само се заканува со некакви смени. Тој е причината за нарушени меѓучовечки односи во Судот заради што против него е поведена дисциплинска постапка“, вели друг негов соработник.

Ниту оние кои се за Стаменковски, ниту оние кои се против него, не сакаат отворено да проговорат за случувањата.

Основен суд Скопје 1 во врска со посетата на Трудовата инспекција во судот објави соопштение.

pretsedatel-111

„По пријава на судскиот службеник Г.С. во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, денеска беа присутни инспектори од Трудова инспекција, а во врска со наводи на службеникот дека истиот бил на распоред на звање пониско од звањето на кое бил првично распореден. На инспекторите од Трудовата инспекција им е презентирано целокупното досие на вработениот кој од службеник во судот вработен со средно образование, од 01.12.2015 година е унапреден и му е признаено високото оразование кое го имал и на оглас е избран за раководител на одделението за човечки ресури за кое одделение имало потреба да се формира во судот, се наведува меѓу другото во соопштението од Судот.