Турската полиција уапси двајца шведски новинари

Двајца шведски новинари се уапсени утринава во Турција, на југоистокот на земјата, во област каде доминантно е курдско население, заради снимање недалеку од воена зона, јавуваат турски медиуми.

Новинарите се сослушани, а после тоа предадени на инспектори од службата за странци кои се занимаваат со протерување.

Детали во врска со апсењето не се соопштуваат.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги обвинува западните медиуми дека имаат симпатии за организаторите на неуспешниот воен удар на 15 јули во Турција.