Турција забрани влез на новинар од „Њујорк тајмс“

Турските власти му забранија влез на дописникот на „Њујорк тајмс“, Род Нордланд, па тој морал веднаш да се качи на авион за Лондон, објави американскиот весник, истакнувајќи дека станува збор „за напад врз слободата на медиумите“.

На Нордланд по доаѓањето на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул му било речено дека Министерството за внатрешни работи неговото име го сврстило на листата на лица на кои им е забранет влез во Турција.

Повикувајќи се на еден од своите турски адвокати, весникот наведува дека полицијата на аеродромот го известила
Нордланд дека причина за враќањето е од „национална безбедност“, но не изнел повеќе детали.

„Постапката на турската влада претставува напад на слободата на медиумите и обид на светот да му се оневозможи независно известување од Турција“, вели Дин Бакет, главниот уредник на „Њујорк тајмс“.