Турција издаде налог за апсење на 380 бизнисмени

Турското обвинителство нареди апсење на 380 бизнисмени, осомничени дека пружиле финансиска помош на мрежата на имамот Фетулах Ѓулен, кого Анкара го товари за организирање на неуспешниот воен удар во јули минатата година.

Обвинителството издало и налози за претрес на куќите и канцелариите на осомничените, известуваат медиумите.

Ѓулен ги отфрла обвиненијата од официјална Акнара дека стои зад обидот за пуч, во кој загинаа повеќе од 240 луѓе.