Уапсени 235 лица поради врски со ПКК

Во Турција денес се уапсени 235 лица поради „ширење на пропаганда за терористичка група“ на социјалните мрежи и дејствување во име на забранетата Работничка партија на Курдистан (ПКК), соопшти денес Министерството за внатрешни работи.

Операцијата за апсење е покрената после двојниот бомбашки напад во Истанбул во саботата во кои 44 лица загинаа, а 150 се ранети.

Апсењето е спроведено во 11 провинции, од северозападот на земјата до југоистокот.

turcija-apsenje-2

На мета се припадници на прокурдската Демократска народна партија (ХДП), поврзани со милитантната курдска група
„Јастребите на слободата на Курдистан“ (ТАК), која ја превзеде одговорноста за нападите во Истанбул.
ХДП се отцепи од Работничката партија на Курдистан.

Во Истанбул во притвор се одведени 20 припадници на ХДП, меѓу кои е и претседателот на одборот на партијата,
Ајсел Ѓузел, додека уште 18 се уапсени во главниот град на Турција, Анкара, меѓу кои е и претседателот на одборот на ХДП од тој град Ибрахим Биници.