Германското сојузно обвинителство води истрага против дванаесетгодишно дете кое е осомничено за два обида за бомбашки напади во Лудвигсхафен, објави магазинот „Фокус“.
Детето е родено во Германија и е син на емигриранти од Ирак.
Магазинот „Фокус, повикувајќи се на информации од службата за безбедност, пишува дека детето се обидело да детонира експлозивна направа наполнета со мали метални делови на пазарот во тој град, на југот на земјата, на 26 ноември и повторно пред зградата на градското собрание на 5 декември.
Детето било фатено со експлозивната направа во ранец кога втор пат се обидело да ја детонира откако во полиција го пријавил случаен минувач.
Полицијата во ранецот проначла тегна полна петарди со шрафови залепени за неа.
Полициски експерти изјавиле дека направата би можела да се активира, но дека само можела да изгори, а не и да експлодира.
Наводите во германскиот магазин ги потврди портпаролот на владеачката коалиција во Бундестагот, Стефан Мејер, а портпаролот на канцеларката Ангела Меркел, Стефан Сиберт одбил да ги коментира деталите за случајот, велејќи дека целата работа е загрижувачка и дека треба до крај да се истражи.
Мејер изјави дека овол случај покажува со која брзина децата би можеле да бидат радикализирани.