Убиен уште еден руски дипломат

Високопозициониран руски дипломат е пронајден убиен со истрели од огнено оружје во Москва.

Петр Полшиков (56) е пронајден во својот дом во руската престолнина со рани од куршуми на главата.

Околностите под кои се случило убиството засега не се познати.

Полицијата ги истражува сите можни теории за ова убиство.

Покрај телото на Полшиков пронајдени се две чаури, а оружјето било фрлено под лавадото во купатилото.

Сопругата на дипломатот била во станот, но не е повредена.

Полшиков бил главен советник во Одделот за Јужна Америка во руското Министерство за надворешни работи. Претходно работел во амбасадата во Боливија.