Убиецот на рускиот амбасадор осум пати го штител Ердоган

Младиот турски полицаец, дваесет и двегодишниот Мевлут Мерт Алтинташ, кој го уби рускиот амбасадор во Анкара бил член на обезбедувањето на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

После неуспешниот воен удар во Турција изведен на 15 јули годинава Алтинташ во осум наврати бил дел од обезбедувањето на Ердоган, во првиот круг веднаш зад телохранителите.

Мевлут Алтинташ по атентатот врз амбасадорот на Русија е застрелан, а членовите на неговото семејство се во притвор.

Официјални лица на Турција и Русија наведоа дека убиството на амбасадорот нема да посмета во настојувањата да се поправат билатералните односи.