УЕФА не простува: Спарта казнета поради расизам

Спарта од Прага ќе игра еден натпревар пред празни трибини заради расистичкото однесување на навивачите. Управата на клубот објави дека нема да се жали на казната на Европската фудбалска унија (УЕФА).

Инцидентот се случи на натпреварот со Монако, во третото коло од квалификациите за Лига на шампиони.

Група навивачи имитирала мајмуни, навредувајќи го така играчот на Минако, Орелијен Чуамени, затоа што постигна гол.

Спарта ги идентификувала навивачите кои го направиле инцидентот и соопшти дека ги суспендирала.

(Фото: ЕПА)