Украина отвори војна против олигарсите: Богаташите не смеат да финансираат политички партии

LinkSense.mk

Украинскиот претседател Владимир Зеленски конечно влезе во долго најавуваната војна против олиигарсите. Врховната влада донесе закон за олигархија, кој ќе стапи на сила за шест месеци. Целта е да се спречи влијанието на најбогатите на државната политика.

Бизнисмените, чии годишни приходи се поголеми од 83 милиони долари автоматски потпаѓаат под надзор на Советот за национална безбедност, кој треба да оцени дали тие финансираат некоја партија и имаат ли влијание во политиката. Тие за кои ќе биде проценето дека се однесуваат како олигарси ќе имаат шанса да се „објаснат“ со властите. Надлежните полициски служби ќе утврдат дали богатите бизнисмени се сопственици на медиуми директно, или непосредно, како и тоа дали учествуваат во политичкиот живот.

Кои се претставници на олигархијата ќе оценува Советот за национална безбедност на Украина, а предлогот ќе го направат украинската влада, Антимонополскиот комитет и полициските служби.

На сите олигарси кои ќе се најдат на список, кој ќе биде јавен, ќе им биде забрането да финансираат партии, нема да можат да бидат сопственици на медиуми, а исто така нема да можат да купуваат големи објакти во следните приватизации.

Службениците од разни рангови ќе бидат обврзани да пријават каков било контакт со олигарх. Траењето на овој закон ограничено е на десет години.

Не е случајно што на прифаќањето на овој закон се спротивставија пратениците од партијата Европска солидарност, со кој раководи богатиот бизнисмен и поранешен претседател на Украина, Петар Порошенко. Него одамна го нарекоа украински крал на чоколадите. Тој, освен во Украина, фабрики за слатки работи „Рошен“ има и во Русија. Благодарение на богатството своевремено влијаеше на медиумите и јавното мислење и не жалеше пари да стане претседател на државата.

Против текстот на законот кој го предложи Зеленски против се и од партијата Баткившчина, што во превод значи татковина. Лидерот на таа партија е поранешната премиерка Јулиа Тимошенко, исто така богата жена. Дека политиката треба да се ослободи од влијанието на олигарсите инсистираа од Вашинготн. Тие сметаа дека Украина не може да ја победи корупцијата ако политиката биде во тесна врска со олигархијата. Токму Вашингтон бараше од Зеленски да се дистанцира од милијардерот Игор Коломојски, кој за време на владеењето на Порошенко дојде со него во судир, па избега во Израел.

Интересно е дека Коломојски беше главен финансиер на претседателската кампања на Зеленски, но кога од Вашингтон го советуваа да прекине да соработува со милијардерот, претседателот веднаш го прифати советот. Своевремено и Коломојски беше во политиката. Тој е претседател на Еврејската заедница во Украина, а кога се завојува во Донбас, ги финансираше најголемите украински националисти. Сето тоа го правел сметајќи дека вложените пари подоцна повеќратно ќе ги врати, затоа што од државата добил многу привилегии.

И додека Зеленски пред Американците се фалеше дека политиката ќе ја исчисти од бандити и олигарси, засега непознати напаѓачи стрелаа со автоматско оружје на автомобилот на неговиот помошник Сергеј Шефир. Во нападот возилото било погодено со 12 куршуми, а возачот е ранет.

Зеленски порача дека него и неговите соработници „бандитите нема да ги уплашат и дека ќе се воспостави чесен однос меѓу бизнисот и државата“.