Украина: Руски падобранци слетале во Харков, нападната болница

LinkSense.mk

Руски воздушнодесантни трупи слетаа во Харков во текот на ноќта, соопшти украинската војска, наведувајќи дека во тој град на истокот на Украина се водат стални борби.

Руските десантни трупи ја нападнаа локална болница“, се вели во соопштението на украинската војска на Телеграм, потврдувајќи ги претходните информации дека руски падобранци се спуштиле во градот.

Во тек е борба меѓу освојувачите и Украинците“, стои во соопштението објавено утринава малку пред 4 часот.

Харков, град со 1,4 милиони жители кој се наоѓа во близина на границата со Русија, вчера беше бомбардиран неколку пати, вклучително и ракетирање на главниот плоштад, при што загинаа најмалку десет луѓе, а повеќе од 20 беа повредени.

Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари, а вчлера нападите се интензивираа.

Шефот на полицијата во Харков, Володимир Тимошко, изјави за новинарите дека ниту еден украински војник не загинал во престрелката, јавува Би-Би-Си.

Во моментов ситуацијата во близина на болницата е под контрола, безбедноста е засилена“, рече тој, пренесоа украинските медиуми.

Се појавуваат и првите непотврдени снимки од Харков, кој синоќа беше под силно гранатирање.

 

 

 

 

 

(Фото: Твитер)