Украина ја презеде контролата над Харков

LinkSense.mk

„Украинските сили ја вратија контролата врз клучниот град Харков“, изјави регионалниот гувернер Олег Синегубов, кој утринава извести дека Русите влегле во градот.

„Контролата над Харков е целосно наша“, објави тој на Телеграм.

„Вооружените сили, полицијата, одбранбените сили работат на теренот, а градот целосно се расчистува од непријателот“, додаде тој.

Ситуацијата на теренот и понатаму е променлива, а тврдењата за контрола е тешко да се проверат, но цивилите на терен, исто така, изјавија за Би-Би-Си дека Харков е повторно целосно под контрола на Украина и дека конфликтот на улиците слабее.

Да потсетиме, утрово стигна информација дека Русите влегле во Харков. На социјалните мрежи се појавија снимки од руски воени камиони и тенкови на улиците во градот. Локалниот политички лидер ги повика граѓаните да останат во своите куќи бидејќи „украинските воени сили го елиминираат непријателот на улиците“.

На улиците се водеа борби со часови, стигнуваа снимки од запалени руски камиони и тенкови, па дури и улични борби.

Околу 13 часот беше објавено дека Харков повторно е под контрола на Украина.