Легендата на Баерн Минхен Ули Хенес повторно е поставен за претседател на минхенскиот фудбалски клуб на изборното Собрание пред дури 7.000 делегати.
Хенес се враќа на чело на Баерн посре речиси три години, кога поради затајување на данок и затворската казна мораше да се повлече.
Тој беше единствениот кандидат за претседател, имаше дури 97 отсто поддршка од делегатите и така го наследи временото решение Карл Хофнер.
„Сакам да ви се заблагодарам на укажаната доверба и ветувам дека нема да ве изневерам. Ќе се држиме сите заедно и ќе се бориме против ривалите, а драго ми е што сега покрај Борусија од Дортмунд за противник го имаме и Лајпциг, рече Хенес.
Хенес во март 2014 година беше осуден на три години и шест месеци затвор поради проневера на 3,5 милиони евра преку швајцарски банкарски сметки, а потоа пуштен кога отслужил половина од казната.