Уставните судии во среда ќе го разгледуваат законот за извршување

LinkSense.mk

Во среда ќе се преипситува уставноста на неколку члена од Законот за извршување. Оспорени се 12 члена од закконот кој ја регулира рабоатата на извршителоте. Сега уставните судии ќе треба да се прозинесат.

Ќе се оценуваат уставноста на вонсудската наплата на извршителите, наградата и надоместокот и наплатата на комуналните сметки. Од адвокатското друштво кое е подносител на иницијативата велат – со законот кој е во сила од јануари годинава извршителите се ставени во привилегирана положба.

„Трошоците на граѓаните секако ќе бидат зголемени доколку дојде до примена, бидејќи преку вон-судската постапка се воведуваат нови обврски, најпрвин за доверителите, значи таа вон-судската постапка не е бесплатна.

„Извршителите ќе наплатуваат за спроведување на таа постапка, а потоа доколку не заврши со наплата тие трошоци ќе треба да ги платат должниците. Тоа пак им овозможува на извршителите исклучително поволна позиција во постапката“, вели Љупчо Кузмановски – Адвокатско друштво Кузмановски.

Спорно за Кузмановски е и како што ја нарече – ретроактивната примена на законот, смета дека со ретроактивна примена на законот на постапките започнати според претходниот закон, извршителите добиваат можност за вршење на легален „рекет“ на доверителите. Токму ова го навел и во поднесената иницијатова до Усатавен суд.

„Новиот закон за извршување се применува ретроактивно на предмети што се започнати според претходно важечкиот закон на извршување. Вие сте поднеле барање кај извршителот, да речеме 2012 година и досега извршителот не успеал да го наплати.

„По 01.01.2017 година ако тој преземе одредено дејствие, а дали ќе преземе или не тоа е одлука на извршителот, тука доверителот не може да влијае ниту пак должникот, тогаш понатамошниот тек на постапката ќе тече според законот за извршување што е сега во примена“, вели Љупчо Кузмановски – Адвокатско друштво Кузмановски.

Кон иницијативата за оценување на уставноста на членовите од закониот се приклучиле и поголемите компании во земјава. Телеком, Водовод и канализација, ЕВН и БЕГ – со дополително барање до судот да ги отстрани оспорените членови од законот.

Од Комората на извршители пак, велат дека се запознаени со иницијативата која в среда ќе се најде на седница на Уставен, но тврдат дека истата не била доставена до нив, и заради тоа не можат да се произнесат и да заземат став по неа. Измени во законот за извршување беа најавени и во предизборната кампања на власта, а неодамна таквиот став го потврди и премиерот Зоран Заев.

24vesti.mk