ФА му даде повеќе време на Силва да одговори на обвинувањата за расизам

Фудбалската асоцијација на Англија го продолжи рокот за sвездата на Манчестер Сити, Бернардо Силва, да одговори на обвинувањата, упатени кон него.

Првично, Португалецот требаше да ги даде своите објаснувања до денес, но сега рокот е продолжен до 21 октомври.

Силва е во центарот на уште еден расистички скандал на Островот, откако се шегуваше со фотографија на својот соиграч Бенџамин Менди, кого го спореди со херој од „Конгитос“, популарни во Шпанија и Португалија.

Публикацијата датира од 22 септември, а многу брзо Силва го избриша, по што напиша дека деновиве веќе не може да се шегува со пријателите.

Според сериозноста на делото, Португалецот може да биде казнет за шест натпревари, доколку биде прогласен за виновен.