ФБИ го заплени мобилниот телефон на поранешен адвокат на Трамп

LinkSense.mk

ФБИ минатата недела го заплени мобилниот телефон на Џон Истман, еден од поранешните адвокати на Трамп.

Истман го потврди ова пред сојузниот суд во тужбата што ја поднесе вчера во Ново Мексико, нарекувајќи ја акцијата на ФБИ несоодветна.

Ова е еден од низата потези на ФБИ во врска со истрагата за настаните од 6 јануари. Федералните агенти од Канцеларијата на главниот инспектор на Министерството за правда, кој координира со пошироката истрага на ФБИ, минатата недела упаднаа во домот на поранешниот функционер на Министерството за правда, Џефри Кларк, јавува Си-Ен-Ен.

Главниот инспектор ги истражува наводите за кршење на законот од страна на вработени во Министерството за правда и има можност да врши претреси и заплени. И покрај заплената, ниту Истман ниту Кларк досега не се обвинети за какво било кривично дело.

Истман е последната личност чии комуникации станаа дел од опсежната истрага на Министерството за правда за нападот на американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година.

 

 

 

 

 

(Фото: ЕПА)