Фестивал на српската ракија

Фестивалот на српската ракија, петти по ред, ќе се одржи денес и утре во Домот на синдикати во Белград.

Учествуваат 22 регистрирани производители од Србија, а организаторите најавија дека посетителите ќе имаат прилика да пробаат права ракија од овошје.

„Ова е најзначајна промотивна и туристичка манифестација во Србија, која допринесува за популаризација на домашните овошни ракии“, вели Иван Урошевиќ, претседател на Групацијата на производители на ракија.

Минатата година фестивалот го посетиле повеќе од 20.000 луѓе.

Експерти ќе ги оценуваат примероците ракија, но не тие кои ќе ги донесат производителите, туку ќе се земаат од продажба, од рафтови во продавници.

Меѓу излагачите се „Стара соколова“, „Ток“, „Белобог“, Зариќ“, „Хуберт 1924“…