Фејсбук поради регулативи најавува можност за напуштање на Европа

– Американскиот Фејсбук предупреди дека може да се повлече од Европа доколку ирскиот комесар за заштита на податоци спроведе забрана за размена на податоци со САД.

Ирскиот комесар најави можност за донесување на таква одлука откако Европскиот суд на правдата во јули пресуди дека нема доволно заштита од пристап на американските разузнавачки агенции до податоците на Фејсбук.

Главниот соработник на Фејсбук во судското досие во Даблин напиша дека спроведувањето на забраната ќе ја направи компанијата нефункционална, пренесува британски „Гардијан“.

– Во случај Фејсбук да биде предмет на целосна суспензија на преносот на кориснички податоци кон САД, не е јасно како може да продолжи да обезбедува услуги на Инстаграм во ЕУ во овие околности, изјави портпаролот на Фејсбук, Ивон Канан.

Таа истакна дека Фејсбук не се заканува со повлекување од Европа, туку едноставно изразува мислења засновани на реалната состојба.

Правните документи доставени до Високиот суд во Ирска покажуваат само јасна реалност дека Фејсбук и многу други компании, организации и даватели на услуги се потпираат на трансфер на податоци меѓу ЕУ и САД, рече Канан.