Филипче: Останувам посветен на здравствени политики во интерес и за доброто на сите граѓани

Министерството за здравство останува отворено за сите, а јас и натаму останувам посветен на здравствени политики во интерес и за доброто на сите граѓани, напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил.

Како институција, пишува Филипче, продолжуваме да ги слушаме потребите на граѓаните и заеднички со пациентите, невладините организации и здравствените работници да создаваме здравствен систем каде пациентите сѐ на прво место.

-Наша цел се задоволни пациенти, вреднувани и мотивирани здравствени работници.

Продолжувам неуморно и посветено да работам на ова, граѓаните го заслужуваат најдоброто, граѓаните заслужуваат квалитетно јавно здравство достапно за сите!, напиша на ФБ ВенкоФилипче кој и во новата влада ќе ја извршува функцијата министер за здравство.