Изедначување на цените за државно и приватно лекување од ковид

„Денеска на седница на Влада е Законот за здравствена заштита со чии измени предлагаме цените во приватните болници да бидат изедначени со референтните цени утврдени од Фондот за здравствено осигурување. Со измените во Законот дијагонстицирање и лекување на ковид- пациенти предлагаме да се движи од 40.000 до 305.000 денари“, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство, Венко Филипче.

Државата, посочува министерот, освен што има овластување да склучи договор со приватните болници преку Фондот за здравствено осигурување, може да постави и лимит за максимален износ на едно приватно лекување од Ковид-19.

„Регулирањето на цените е неопходно за да не се доведеме во ситуација приватните здравствени установи да останат недостапни за огромно мнозинство на граѓани во нашата земја. Ги повикувам сите пратеници во Собранието да дадат поддршка на оваа регулација на цените за здравствени услуги на ковид-пациенти во приватните болници. Во време на пандемија од клучна важност е пратениците да го изгласаат оваа законско решение со кое цените за третман на пациенти во приватните болници ќе бидат финансиски издржливи за сите граѓани“, напиша Филипче.