ФИТР ќе ја презентира новата Програма за корпоративна иновативност

– Фондот за иновации и технолошки развој денеска ќе ја презентира новата Програма за корпоративна иновативност.

ФИТР информира дека примарната цел на воведувањето на новата Програма е зајакнување и продлабочување на соработката меѓу докажаните компании на пазарот и стартап-компаниите кои имаат иновативни идеи (производи).

На настанот се најавени обраќањата на Коста Петров, директор на Фонд за иновации и технолошки развој и Ирена Ѓоргиевска од Секторот за спроведување програми на ФИТР.