Фијон на пат кон Елисеј

Франсоа Фијон е избран за официјален кандидат на републиканската десница на престојните претседателски избори кои ќе се одржат во Франција во мај следната година.

Фијон на внатре партиските избори на Републиканците освои 68 отсто од гласовите.

fijon-livce

Веднаш откако станало јасно дека е победник, Фијон му одал признание на второпласираниот кандидат Ален Жипе на кој му припаднаа 32 отсто од гласовите, како и на поранешниот претседател Никола Саркози, чиј премиер беше сите пет години од неговото владеење, и кој му даде поддршка после првиот круг.

На двајцата, како и на останатите кандидати, Фијон им упати покана да му се придружат во конечната цел за доаѓање на власт.

alen-zipe

Жипе, исто така поранешен премиер, којшто до само неколку денови пред првиот круг на гласањето беше главен фаворит, му честита на победникот и ги повика неговите поддржувачу да му дадат поддршка на Фијон во настојувањето да влезе во Елисејската палата.

Франсоа Фијон, како што наведуваат медиумите, го карактеризира многу либерален став кога станува збор за економија, но и традиционален во однос на семејните прашања.

Вети враќање на авторитетот на државата.

Актуелниот мандат на социјалистот Франсоа Оланд го нарече „патетичен“ и најави коренити промени во општеството.

На надворешно-политички план, намерата му е да ја обнови една од водечките позиции на Франција во светот.

Владеачката левица моментно лошо котира, додека против крајната десница на Мари Ле Пен левицата и десницата редовно се обединуваат за да ја блокираат, заради што Фијон има големи изгледи да биде следниот претседател на Франција.