„Форд“ повлекува 634.000 „теренци“

LinkSense.mk

Американскиот производител на автомобили Форд Моторс ќе повлече 634.000 спортски возила (SUV) ширум светот поради опасност од пожар, бидејќи напукната млазница може да пролее гориво или пареа на загреан мотор и да предизвика пожар, соопштија денеска од компанијата и ги повикаа сопствениците да ги прегледаат своите автомобили.

Досега, околу 520.000 возила се повлечени во САД и околу 114.000 во други земји.

Од „Форд велат дека моделите „бронко спорт“ и „ескејп“ со 3-цилиндрични, 1,5-литарски мотори, модели 2020-2023, ќе бидат повлечени.

Досега компанијата примила 20 пријави за пожари, вклучително и три во кои биле предизвикани штети на станбени објекти.

Фирмата, исто така, соопшти дека има четири тврдења за настанати пожари кои биле забележани пет минути откако моторите биле исклучени.

Ако се открие пад на притисокот во разводникот за гориво, моќноста на моторот автоматски ќе се намали за секој ризик да се сведе на минимум, додека на возачите им се овозможува да се одвезат на безбедно место за да го запрат возилото и да повикаат сервисна служба“, додадоа од „Форд.

Против Форд се поднесени четири тужби за повреди кои не вклучуваат изгореници и 43 тужби поврзани со проблемот.