Формула 1: Ферстапен го освои Бразил, катастрофа на „Ферари“

Возачот на „Ред Бул“ Макс Ферстапен е победник на денешната трка за Големата награда на Бразил во шампионатот на Формула 1.

Ферстапен трката за заврши за еден час, 33 минути и 14,678 секунди и така дојде до осмата победа во кариерата.

Втор низ целта помина возачот на „Торо Росо“, Пјер Гасли, додека трет беше светскиот шампион Луис Хамилтон. Тие заостанаа нешто повеќе од шест секунди зад победникот.

Четвртото место му припадна на Карлос Сајнц од „Мекларен“, додека петти е Кими Раиконен од „Алфа Ромео“.

Веќе на самиот старт, Хамилтон го претекна Себастијан Фетел од „Ферари“ и ја зазеде втората позиција. Добар старт имаше и Шарл Леклер, кој се проби до 12 место.

Ферстапен ја контролираше трката цело време, па во 21 круг, еден после Хамилтон отиде во боксот за промена на гумите. При излегување за малку ќе се судреше со Роберт Кубица, но за среќа навремено реагираше и го избегна судирот. Два круга потоа тој се врати на првото место.

Во следните триесетина кругови немаше значителни промени. Пред самиот крај на трката, во 54 круг, Валтери Ботас ја напушти патеката поради дефект на моторот.

Заради несигурно застанување, на патеката излезе сигурносното возило, што некои го искористија за замена на пневматиците.

При повторениот „летечки“ старт, односно по повлекувањето на сигурносното возило од патеката, Ферстапен осната на чело на колоната, Хамилтон го притискаше, додека Фетел ја загуби позицијата од Александер Албон, а потоа и од Леклер.

Во 66 круг дојде до судар меѓу два болида на „Ферари“. Фетел тргна да го претекнува Леклер, но дојде до контакт. На Леклер му беше оштетен предниот десен дел од болидот и заврши во ѕидот, додека на Германецот му пукна задната гума и за него трката заврши во истиот момент.

Сударот на Фетел и Леклер беше повод на патеката по втор пат да излезе сигурносното возило, што Хамилтон го искористи тој момент и отиде во пит-стоп. При излегување се врати на четвртото место, зад Албон и Гасли.

До крајот на трката Ферстапен остана на челната позиција, а Гасли и Хамилтон успеаја да го претекнат Албон што беше и конечниот редослед за денешната трка.