Фоторепортерот што го сликаше и снимаше атентатот…

Неверојатна храброст во време на убиството на рускиот амбасадор Андреј Карлов во Анкара покажа фотографот на Асошиетед Прес (АП) Бурхан Озбилици чија камера остана стабилна без оглед на тоа што и тој можеше да го загуби животот.

galerija-1

Благодарение на неговата присебност и храброст, за која наголемо се зборува на социјалните мрежи, светската јавност виде како поранешниот полицаец Мевлут Алтинташ (22) го застрела рускиот дипломат.

slikar-burhan-ozbilici

Озбилици, меѓутоа, својата приврзаност кон работата не ја покажа само низ фотографиите туку на својот работодавец му даде и интервју, од кое може да се слушне се за нападот.

ankara-6

„Амбасадорот Андреј Карлов држеше говор на изложбата кога напаѓачот истрела најмалку осум куршуми за неколку минути, наведе меѓу останатото Озбилици за АП, и додаде дека меѓу присутните завладеал страв заради што тие панично бегале низ ходниците на галеријата.

galerija