Една жена е убиена кога вооружен маж влезе во пензионерски дом за монаси.
Напаѓачот е во бегство, а нападот не се води како терористички чин.
Убиството се случи во близина на Монпеље, на југот на Франција.
Полициската операција е во тек, домот е пребаран и сите монаси се спасени.
Извор за Ројтерс вели дека не станува збор за терористички напад , а „Гардијан“ пишува дека во домот живеат 70 монаси.
Напаѓачот на себе имал маска, а бил вооружен со нож и пушка со скратена цевка.
Мотивите за нападот засега не се познати.