Французинка избрана за Мис на Универзумот

Ирис Митенер е избрана за Мис на Универзумот на натпреварот на убавици во Манила, победувајќи ги фаворитките Мис на Хаити и Мис на Колумбија

 

Дваесет и четиригодишната Французинка Ирис Митенер избрана е за Мис на Универзумот на натпревар во главниот град на Филипини, Манила.

Ирис Митенер, студентка по стоматологија во Лил, избрана е за Мис на Франција во 2016 година.

Изјави дека сака екстремни спортови, патувања и француската кујна, а во текот на кампањата се залагаше за миење заби.

На натпреварот имаше 86 девојки, а минатогодишна Мис на Универзумот беше Филипинката Пиа Алонзо Вурцбах.