Француската десница денес бира претседателски кандидат

Во Франција денес се одржува вториот круг на партиски избор на опозициската десница која ќе го избере својот кандидат за претседателските избори.

Фаворит е поранешниот премиер, Франсоа Фијон, кој се надева дека ќе го победи противникот Ален Жипе и така ќе влезе во трката на претседателските избори во 2017 година.

fijon-1

Поради се непопуларната левица, аналитичарите предвидуваат дека на претседателските избори главниот противник на Фијон ќе биде кандидатката на екстремната десница Марин Ле Пен.

le-pen

„Сите Французи знаат дека на денешниве избори впрочем ќе биде како првиот круг на претседателски избори“, рече партискиот ривал на Фијон, Ален Жипе.

alen-zipe

Фијон (62) кого го сметаа за аутсајдер во изборната трка ја изненади јавноста освојувајќи во првиот круг на внатрепартиските избори 44 отсто од гласовите.

Жипе (71) доби 28 отсто од гласовите, многу помалку од резултатот од претходните анкети според кои беше фаворит на десницата.

Третиот кандидат на десницата, поранешниот претседател Никола Саркози (61) кој излезе од трката, го призна поразот во првиот круг и ги повика неговите приврзаници денес да гласаат за Фијон.

sarkozi