Француски експерт: Април ќе биде пеколен

LinkSense.mk

Следниот месец ќе биде пеколен за францускиот болнички систем поради третиот бран на пандемијата на Ковид-19, изјави денеска началникот на Одделението за интензивна нега на една париска болница Жан Франсоа Тимси.

Истовремено, францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин изјави дека Франција ќе се соочи со неколку тешки седмици поради новото ширење на коронавирусот, поради што Владата воведе ново „затворање“ во делови на земјата.

– Пред нас се неколку тешки недели, изјави Дарманин за ТВ БФМ.