Главната судијка на натпреварот од Купот на Португалија помеѓу женските екипи на Бенфика и Спортинг (5:0) на крајот од првото полувреме им покажа бел картон на лекарските служби на двата клуба.
Англиските медиуми пишуваат дека ова е прв пат во историјата да се покаже ваков картон.
Белиот картон е новост во фудбалот и со него се сака да се поттикне фер-плејот.
На мечот Бенфика – Спортинг е покажан откако двете медицински служби реагираа кога една фудбалерка почувствува слабост, што е своевидна награда за нивниот потег.
На видеото кое кружи на интернет евидентно е дека на еден медицински работник не му е јасно зошто му покажале бел картон.
Публиката, пак, реагираше со овации. Бенфика славеше убедливо, по два погодоци постигнаа Ана Виторија и Џесика Силва, а еден даде Кристи Учеибе. Натпреварот се одигра на стадионот „Ла Луз“ пред повеќе од 15.000 гледачи, со што беше поставен рекорд во посетеност на женски натпревар во Португалија.
(Фото: Твитер)