Хакирани Твитер и ЈуТјуб налогот на британската Влада

LinkSense.mk

Британската армија соопшти дека истражува откако биле хакирани нивните сметки на Твитер и Јутјуб.

Видеа од криптовалутата со фотографија од милијардерот Илон Маск се појавија на канал на YouTube, додека неколку коментари поврзани со NFT токените се ретвитувани на Твитер, објави Би-Би-Си.

„Бидејќи го решивме прашањето, а истрагата е во тек, не би било соодветно да се коментира дополнително – изјави портпаролот на армијата. Не е познато кој го извршил хакерскиот напад, во кој беа сменети имињата на сметките на британската армија.

Во еден момент името на профилот на Твитер беше сменето во Бапесклан, а до неделата навечер се се врати во нормала.

„Се извинуваме за привременото суспендирање на нашата сметка. Ќе спроведеме целосна истрага и ќе научиме од овој инцидент. Ви благодариме што не следите, а нормалното функционирање сега ќе продолжи – изјавија од армијата.