Хамилтон најбрз на првиот тренинг во Абу Даби

Возачот на „мерцедес“, Луис Хамилтон, оствари најбрзо време на денешниот прв тренинг непосредно пред последната трка во шампионатот на Формула 1 за Големата награда на Абу Даби.

Актуелниот светски шампион најбрзиот круг го извозе за 1:42,869 минути и бил за 0,374 секунди побрз од неговиот клубски колега Нико Розберг.

Хамилтон и Розберг се борат за титулата првак, а германскиот возач има 12 бодови предност пред стартот на последната трка сезонава на патеката Јас Марина.

abu-dabi-2

Зад двајцата од „Мерцедес“, на денешниот тренинг се најдоа возачите на „Ред бул“. Трет беше макс Верстапен со 0,428 секунди заостанување зад Хамилтон, а четврти Даниел Рокардо со минусни 0,493 секунди.

Четирикратниот светски првак Себастијан Фетел од Ферари беше петти.

Тој патеката ја мина со 1,136 секунди задоцнување зад Хамилтон.

abu-dabi-3

Кими Раиконен го зазеде седмото место со заостанување од 1,687 секунди.

Квалификациите за трката во Абу Даби на програмата се во сабота од 14 часот, а финалната трка е на програмата во недела во исто време.