Хан до Тодоров: Заканите и притисоците мора да запрат

LinkSense.mk

Никола Тодоров се сретна со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

Според соопштението од кабинетот на Тодоров, од двете страни била изразена силна поддршка за евроинтегративните процеси на Македонија и запотребата од примена на реформите неопходни за интеграција на Македонија во ЕУ.

– „Беше истакната и неопходноста од демократизација на партијата преку измена на статутот на партијата со цел ВМРО-ДПМНЕ да продолжи да дејствува како европска, модерна центар-десна партија.

„Од страна на еврокомесарот беше потенцирано дека заканите и притисоците мора да запрат, и беше изразена јасна поддршка за одлучните и храбри чекори кои се во правец на интеграција на Македонија во ЕУ“, се вели во соопштението.