Хаос во летната НБА лига: Нокаутиран играч на Далас

LinkSense.mk

Голем инцидент се случи пред крајот на натпреварот од летниот камп на НБА лигата меѓу Сакраменто Кингс и Далас Маверикс.

Нигериецот со канадски пасош, Јуџин Оморуи, не успеа преку драфтот да најде клуб во најсилната лига на светот па реши да се обиде преку летната лига.

Пред крајот на мечот тој не можеше да ја исконтролира фрустрацијата заради заостатокот на Далас зад „Кралевите“, па направи намерна лична грешка над Чимези Мету кој, исто така, има нигериски корени.

Мету не остана должен па во општиот метеж којшто се случи после личната грешка го погоди Оморуи со тупаница во глава.

Двајцата кошаркари после инцидентот мораа во соблекувалните затоа што беа исклучени.