Хаос во Фиренца: Полиција го чува Влаховиќ

LinkSense.mk

Душан Влаховиќ предизвика вистински хаос во Фиренца. Толкав, што сега го чува полицијата.

Како што јавува новинарот на италијанска „Република“, Матео Довелини, припадници на органите на јавниот ред и мир го чуваат Влаховиќ по заканите што ги добил поради трансферот од Фиорентина.

Да потсетиме, ноќта помеѓу понеделникот и вторникот пукна „трансфер бомба“ – Душан Влаховиќ преминува во Јувентус.

И, симпатизерите на виолетовите“ поради тоа се многу лути. Во градот се појавија навредливи транспаренти за Србинот, а на еден пишуваше: Нема да те спасат ниту телохранителите. Циган, готов си!

Влаховиќ моментално е најдобар стрелец во Серија А, а во 2021 година постигна дури 33 гола, со што го израмни рекордот на Кристијано Роналдо по број на голови во една календарска година, а сега се префрла во гигантот од Торино.

Сепак, ваква бурна реакција на навивачите во Фиренца малку кој очекуваше, па Матео Довелини пренесува:

Полициската управа во Фиренца, поради расположението што владее заради продажбата на Влаховиќ на Јувентус, започна ‘динамично надгледување’ во близина на куќата на фудбалерот, а тоа се состои од чести обиколки на полициски патроли таму, пишува тој.

Да потсетиме, српскиот репрезентативец игра во фантастична форма, даде 21 гол на 24 овосезонски настапи, со пет асистенции, па и не е чудно што Јувентус го посака во своите редови, а притоа е решен да вложи многу, навистина многу пари во неговиот ангажман.

 

 

 

 

 

(Фото: АП)