Харадинај уапсен во Париз

Француската полиција го уапси поранешниот хашки обвинет и претседател на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај.

Харадинај е уапсен врз основа на меѓународна потерница што ја издала Србија.

Во моментов Харадинај се наоѓа во екстрадиционен притвор во Франција, а претходно беше уапсен во Словенија.

Србија го товари Харадинај за убиства и тешки злосторства на косово и Метохија во текот на 1998 и 1999 година.