Харден сака да оди во Бруклин или Филаделфија

Кошаркарот на Хјустон, Џејмс Харден, сака да го напушти клубот од Тексас.

Претходно беше објавено дека тој доставил официјално барање за размена.

Според новинарот на „Атлетик“, Шамс Харанија, преферирани опции за размена на Харден се Бруклин и Филаделфија.

Од друга страна, Хјустон, пак, е подготвен да ги задржи и него и Расел Вестбрук во тимот.

Триесет и едногодишниот Харден игра за Хјустон од 2012 година.

Во 2018 година беше избран за најкорисен играч во НБА.