Хари и Меган ја „убиваат“ монархијата?

Принцот Хари неодамна со изјавите за својот татко Чарлс ја шокираше светската јавност.

Тој, да потсетиме, во изјава во емисија чиј водител е актерот Декс Шепард, рече дека му било тешко заради „родителските методи“ на принцот Филип и кралицата Елизабета втора.

Како што истакна, неговиот татко кон него се однесувал онака како што кон него се однесувале неговите родители, а тоа го нарече „генетска болка“.

Не треба да обвинуваме кого било, ниту да вперуваме прст во него, но кога станува збор за родителство, ако сум доживеал некаков облик на болка или страдање заради болка која ја претрпеле мојот татко или моите родители, јас ќе се погрижам да го прекинам тој циклус за никогаш повеќе да не се пренесува“, рече Хари.

Извор од кралското семејство го осуди младиот принц за овие изјави за членовите на неговото семејство.

Како што навел изворот, принцот Чарлс од секогаш бил поблизок со својот постар син Вилијам, отколку со Хари, пренесува „Гео њуз“.

Принцот од Велс направи се што можеше за својот син и за Меган Маркл додека тие беа членови на кралското семејство. Но, се чини дека Хари и Меган се одлучни да ја поткопаат иднината на монархијата“, рекол изворот.

 

 

(Фото: ЕПА)