Холанѓаните во страв од епидемија: Откриен заразен вид на птичји грип, уништени 200.000 пилиња

LinkSense.mk

Холандија уништи околу 201.000 кокошки на фарма во градот Емен, на северот од земјата, по откривањето на високо заразен вид на птичји грип, соопшти денеска тамошните власти.

Дванаесет случаи се пријавени во Холандија овој месец, после десетиците претходно оваа година.

Ширењето на птичјиот грип ширум светот предизвика загриженост кај владите и живинарската индустрија поради екстремната заразност на вирусот, кој е способен во краток рок да уништи цели фарми.

Се смета дека ризикот за луѓето е низок, но претходните избувнувања меѓу птиците на фармите беа многу заразни и беа потребни обемни програми за уништување за да се спречат.