Хорор во Ирска: Четворица мажи грабнаа и запалија автобус

LinkSense.mk

Вчеравечер четворица мажи грабнаа и запалија автобус во унионистичката зедница во Северна Ирска, соопштија властите.

Полицијата во соопштението наведува дека примила дојава за инцидент во областа Черч роад во предградието на Белфаст, околу 19.15 часот по локално време. Засега нема информации за повредени.

„Пријавено е дека четворица маскирани мажи влегле во автобус и им наредиле на патниците да излезат пред да го запалат возилото. Областа Черч роуд е моментно затворена. Ги молиме граѓаните да го одбегнуваат тоа подрачје“, се наведува во соопштението на полицијата на Северна Ирска.

Минатата недела двајва маскирани и вооружени мажи грабнаа и запалија автобус во напад за кој локалните медиуми наведуваат дека е поврзан со тензиите околу трговските бариери после Брегзит.