Хрватска, Бугарија и Романија во „Шенген“?

LinkSense.mk

Европската комисија го повтори својот повик Хрватска, Бугарија и Романија да бидат примени во Шенген зоната, бидејќи ги исполнуваат сите критериуми.

Комисијата минатата недела го претстави извештајот за состојбата на Шенген зоната за 2022 година, што е прв ваков извештај од усвојувањето на Шенген стратегијата минатата година.

Извештајот потсетува на важноста од комплетирање на Шенген зоната и го повикува Советот да усвои одлука што ќе и овозможи на Хрватска, како и на Романија и Бугарија, формално да станат нејзини членки, имајќи предвид дека се исполнети сите критериуми“, соопшти Комисијата.

Извештајот за состојбата во шенген зоната ќе биде основа за дискусија на шенгенскиот форум на 2 јуни, на кој ќе се соберат претставници на Европскиот парламент и министрите за внатрешни работи на земјите-членки, како и за редовен состанок на министрите за внатрешни работи на 10 јуни.

Во извештајот како приоритети за следната година се наведуваат засилено управување со надворешните граници, контроли на внатрешните граници само како последно средство и зајакнување на внатрешната безбедност преку засилена полициска соработка во рамките на ЕУ.

 

 

 

 

 

(Фото: АФП)