Хрватска го укина задолжителниот карантин за граѓаните од Србија, БиХ и од Црна Гора

Во согласност со одлуката на хрватскиот Национален штаб за цивилна заштита од денеска се укинува обврзниот 14-дневен карантин за граѓаните од Босна и Херцеговина, од Србија и од Црна Гора кои ќе влезат во Хрватска.

Предвидено е листата на држави од кои граѓаните ќе можат и под кои услови да влезат во Хрватска ќе биде ревидиран секои две недели, во согласност со епидемиолошките критериуми.

БиХ не е на листата земји чии државјани можат да патуваат во земјитечленки на Европска Унија.