Хрватска: Запленети 665 килограми марихуана

LinkSense.mk

Полициските службеници од Државната агенција за истрага и заштита (СИПА) на подрачјето на Неум запленија 665 килограми дрога – марихуана.

Припадниците на СИПА вчеравечер извршија претрес на товарно моторно возило, со кое управувал државјанин на Хрватска и БиХ, и во таа прилика ја пронајдоа дрогата.

Марихуаната била наменета за нарко пазарот во земјите на западна Европа.

Возачот е приведен и против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично неовластена трговија со дрога.