Русија е победник на Дејвис купот. Марин Чилиќ не успеа да ја остави Хрватска во игра, тој беше поразен од вториот играч на светот Данил Медведев кој на Русите им го донесе третиот Дејвис куп во нивната историја.
На овој турнир Русите влегоа како фаворити и ја оправдаа таа улога.
Чилиќ го одигра можеби својот најдобар меч во ова натпреварување, барем во првиот сет, но Медведев покажа исклучителен квалитет.
Пресврт беше тај-брејкот од првиот сет, кој отиде на страната на рускиот тенисер.
Првиот сет беше многу тензичен, и двајцата тенисери имаа по една шанса да му го одземат сервисот на другиот, но останаа неискористени и сетот влезе во тај-брејк кој долго време се „кршеше“.
Сепак, при резултат 7:8, топката на Чилиќ за малку беше „надвор“, па Медведев од неизвесниот 13. гем излезе како победник.
Имаше тај-брејк и многу голема психолошка важност, Чилиќ повеќе не играше толку добро во вториот сет, а Медведев беше убедлив и двапати го одзеде неговиот сервис и така го доби мечот.
Претходно Андреј Рубљев во два сета го совлада Борна Гоја, и Русија освои два потребни бода во сингл за севкупна победа.
Хрватска освои два Дејвис купа (во 2005 и во 2018 година), додека ова е второ загубено финале. Таа првпат беше поразена од Аргентина во 2016 година. Во овој Дејвис куп Хрватска во групата ги победи Австралија и Унгарија, а во четвртфиналето ја изненади Италија во Торино, а потоа и Србија во полуфиналето во Мадрид.
(Фото: АП)