Британската ХСБЦ банка ќе затвори поголем дел од своите експозитури низ Соединетите Американски Држави, за да се фокусира само на богатите клиенти.
Банката соопшти дека ќе ја скуси постоечката деловна мрежа за работа со населението, од постоечките 148 филијали на само 25, кои ќе ги претвори во Меѓународни центри за управување со богатство.
Иако ХСБЦ и понатаму ќе биде присутна во САД, тамошниот раководен тим на банката ќе го префрли фокусот од населението на меѓународното банкарство и управувањетои со богатството, првенствено на потребите на глобално поврзаните богати клиенти со висока нето вредност, информираа од банката.
Одлуката за повлекување од „ритејл“ банкарството е, како што пренесува Си-Ен-Ен, била долго очекувана, со оглед на тоа дека ХСБЦ последните години повеќе пати предупредуваше на потребата за намалување на трошоците, посебно во САД, каде што веќе долго време се мачи да ја стекне довербата меѓу граѓаните, на секојдневните корисници на банкарските услуги.
Кредиторот со седиште во Лондон планира да го распродаде делот од своите единици на други американски „играчи“ во банкарскиот сектор.
Од ХСБЦ во тој контекст наведуваат дека, на пример, Ситизен банка, која има седиште на Роуд Ајленд, се сложила да ја купи нивната експозитура на источниот брег, како и портфолиото за онлајн работење кое опфаќа околу 800.000 купувачи и 80 филијали.
На западниот брег, пак, Катај банка, која ја основаа Американсци со кинеско потекло, планира да го купи нивното „ритејл“ функционирање, кое вклучува 10 филијали и отприлика 50.000 клиенти.
Реализацијата на овие два договора чека „зеленото светло“ од регулаторот.