Цената на авто-гасот во Австрија е речиси три евра

LinkSense.mk

Поради енергетската криза цената на горивото во Австрија веќе подолго време е на многу високо ниво, а сега и цената на авто-гасот ги изненади корисниците.

На бензинските пумпи на концернот „ОМВ“ цената на авто-гасот е покачена на 2.999 евра.

Авто-гасот поскапе и кај другите пумпи – на пумпите на „АВИА“ (AVIA) чини 2.670 евра, 2.085 евра на пумпите „БП“ (BP), 1.999 евра е на „Шел“ (Shell) и 1.759 евра е на пумпите на „ЕНИ“ (ENI).

За очекување е дека сите нафтени концерни ќе ја подигнат цената на онаа што ја постави „ОМВ“.

Досега авто-гасот не беше само најеколошки, туку и најприфатливо гориво за автомобилите.

Драстичното зголемување на цената може да го направи неисплатливо возењето автомобил на гас.

Инаку, автомобилскиот гас може да се купи на 175 бензински пумпи низ Австрија.

Минатата година во Австрија биле регистрирани 2.654 возила само на гас, додека на бензин и на гас биле регистрирани 2.801 возило.

Килограм автогас одговара на енергија од приближно 1,3 литри дизел или 1,5 литри бензин.

Кога авто-гасот чинеше 1,20 евра, тоа одговараше на цената на литар бензин од 0,83 евра, а сега поради скокот на цената на бензинот возењето е поскапо отколку со бензинот.

Од „ОМВ“ велат дека во последно време на светските берзи поскапеле енергенсите, особено гасот.

Ваквиот развој сега, додаваат, се одразува и на цените на бензинските пумпи во Австрија.

Авто-мото компаниите ја критикуваат високата цена на бензинот и истакнуваат дека тоа е смртен удар за возилата со ваков погон.