Цената на златото е блиску до историскиот максимум

LinkSense.mk

Цената на златото забрзано се движи кон историскиот максимум бидејќи се повеќе инвеститори се свртуваат кон овој благороден метал, кој се смета за сигурна инвестиција која ја задржува вредноста во време на криза.

Покрај златото, поскапуваат и суровата нафта, среброто, паладиумот, платината и гасот. Цената на суровата нафта го надмина нивото од 100 долари – нов осумгодишен максимум.

Руското производство на нафта најверојатно ќе опадне поради потенцијалните санкции. Канада најави дека ќе воведе санкции за увозот на руска нафта, а притисокот на САД и другите земји да го сторат истото, расте.

Паладиумот достигна цена која не е забележана повеќе од шест месеци. Русија е најголемиот светски производител на паладиум, а извозот на овој благороден метал веројатно ќе се соочи со слични проблеми како и суровата нафта. Истите фактори се во игра и за платината – Русија е втор по големина производител во светот, а цената на платината исто така достигна повеќемесечен максимум.