Цената на нафтата надмина 84 долари

LinkSense.mk

Цените на нафтата, поттикнати од проблемите на производителите со зголемените залихи и проценките дека ширењето на инфекцијата „омикрон“ нема да го попречи закрепнувањето на побарувачката од корона кризата, денеска на меѓународните пазари се искачија над 84 долари.

На лондонскиот пазар цената на барелот попладнево порасна за 47 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 84,19 долари. Вчера трговијата се затвори во плус, од 2,85 долари.

На американскиот пазар денеска барелот се тргуваше за 66 центи повисока цена, по 81,88 долари. Вчера и трговијата на берзанскиот пазар во САД се затвори во плус, од 2,99 долари.

Пазарот вчера се фокусираше на индикациите дека производителите не успеваат да ја зголемат понудата на нафта и на проценките дека ширењето на инфекцијата со варијантата „омикрон“ нема да го попречи закрепнувањето на глобалната побарувачка од последиците од корона кризата.

Претседателот на Американската Централна банка, Џером Пауел, во вторникот рече дека сегашниот актуелен бран на ковид-19 треба да предизвика само „краткорочни“ последици во економијата на САД, најголемиот светски потрошувач на нафта.

Економијата е подготвена да ја заострижување на монетарната политика“, заклучи Пауел.

Поддршка на цените пружи и, во ова време, послабиот долар, кој ја поевтинува нафтата за клиентите со други валути и на тој начин ја поддржува побарувачката.

Цените во договорите со назначени рокови за испорака во февруари моментно во Лондон се повисоки за 4,2 долари, отколку во договорите со рокови за испорака во втората половина од годината, што сигнализира дека понудата во моментов е тесна, истакнува Ројтерс.

Водечките производители на нафта во Организацијата на земјите-извознички на нафта (ОПЕК) и нивните сојузници, предводени од Русија, неодамна одлучија да го зголемат производството во февруари за 400.000 барели дневно, со што координираното намалување на снабдувањето е сведено на три милиони дневно.

Своевремено тие ги намалуваа резервите за девет милиони барели дневно за да ги прилагодат на колапсот на побарувачката во пандемијата.

Иако ОПЕК+ од месец во месец го зголемува целното ниво на производство, некои земји не успеваат целосно да ги искористат квотите што им се доделени, поради технички потешкотии.

Ако кинеската економија не забави нагло и ако ‘омикрон’ исчезне, а со оглед на очигледно ограничената способност на ОПЕК + да го зголеми производството, цената во Лондон би можела да се зголеми до 100 долари во првото тримесечје, а можеби и порано“, сметаат аналитичарите.

Има многу варијабили во таа реченица, а најголемата закана е ‘омикрон’ во Кина, Индија и Индонезија“, додаваат тие.

Во меѓувреме, рафинериските маржи за авионско гориво во Европа се вратија на предпандемиските нивоа во услови на намалено снабдување и закрепнување на воздушниот промет во светот.

Пазарното расположение беше поддржано и од податокот дека американскире резерви на сурова нафта во минатата недела паднаа за 1,1 милион барели, според трговски извори кои се повикуваат на извештајот на Американскиот институт за нафта (API).

Официјалните податоци податоци на американската влада ќе бидат објавени во текот на денот.

Владата на Вашингтон вчера ја зголеми својата проценка за побарувачката на нафта во САД во оваа година на 840.000 барели дневно, од досегашните 700.000 барели на ден.

ОПЕК, во посебен издвоен извештај, објави дека барел од нафтената кошничка на неговите членки вчера чинеше 82,13 долари, што значи дека поскапел за 38 центи во однос на претходниот трговски ден.