Цената на струјата останува иста, но ќе има поголем данок

LinkSense.mk

„Од 1 јануари следната година не се очекува да има зголемување на цената на струјата, но останува поголемиот данок“, рече во „Студио 10“, директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски

„Не очекува најтешка зима во последните 70 години, тоа го напоменаа и светските лидери. Имаме намалена потрошувачка на електрична енергија изминатиов период, поради поволните температури. Влегуваме во потежок период. Во втората половина на декември треба да се направи пресметка за цената не електричната енергија на регулираниот пазар. Цената ќе ја формираме спрема ‘ЕВН Хоум’ и следствено на тоа РКЕ ќе донесе одлука за новата цена за периодот од 1 јануари до 30 јуни. Даночната стапка се зголемува за 10 проценти. Се наоѓаат начини кои нема да дозволат зголемување на цените. Блок тарифите за домаќинствата носат резултати. Сите домаќинства и малите потрошувачи добиваат електрична енергија 80 отсто субвенционирана од државата. Ако бидат цените реални, граѓаните ќе плаќаат 5 пати повисоки сметки. Рестрикции не се предвидени“, вели Ковачевски.