Цените на нафтата пак паднаа: Барелот „црно злато“ поевтин за повеќе од 4 отсто

LinkSense.mk

Цените на нафтата на светските пазари паднаа и минатата недела, четврта по ред, затоа што трговците се плашат дека новиот бран на ковид-19 во Европа може да го забави заздравувањето на економиите од коронакризата, а се плашат и од продажбата на нафта од стратешките резерви.

Цената на барелот на лондонската берза падна минатата недела за 4 отсто, на 78,89 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 5,8 отсто, на 76,10 долари.

Пад на цената четири недели по ред не е забележан уште од март минатата година, а само пред еден месец цената на барел на лондонскиот пазар се искачи на највисоки стапки во три години, а на американскиот во седум.

Притисокот на цените е последица на заканите од Вашингтон дека ќе посегне по нафта од резервите. Владите на групата водечки светски економии го разгледуваат предлогот на САД координирано да продаваат нафта од стратешките резерви за да го закочат растот на цената.

Тие закани во изминатите недели ја намалија цената на нафтата за околу четири долари и трговците во цената го пресметаа зголемувањето на понудата за 100 милиони барели“, напишаа аналитичарите на „Голдман Сач“ во минатонеделниот извештај.

Но, сметаат дека продажбата би била само краткотрајно решение за структурниот дефицит.

Цемите на нафтата во петокот се најдоа под притисокот и поради вестите за повторното брзо ширење на ковид-19 во Европа.

Австрија е првата земја која повторно одлучи да воведе „локдаун“ за да го елиминира новиот бран од заразата кој би можел да го закочи заздравувањето на економијата од коронакризата.

И Германија, најголемата европска економија, предупреди дека заради корона вирусот би можеле да посегне за потполно затварање.
Пазарот за нафта, кој во основа е во добра позиција, освен блокадите кои се за него очигледен ризик, ако се случи и други држави да го следат примерот на Австрија, последните денови го кочи и јакењето на доларот, што ја намалува куповната моќ на сопствениците на другите валути, а со тоа и поарувачката за нафта.

Имено, на девизните пазари вредноста на доларот кон коншничката од шест најважни светски валути порасна и минатата недела, четврта по ред, и тоа за 1 отсто, па достигна највисоко ниво во последните 16 месеци, затоа што заради висока инфлација американскиот Фед би можал да ја заостри монетарната политика пред времето за кое се очекува.

А, тоа, пак, би го забавило заздравувањето на светските економии од корона кризата, а со тоа и побарувањето за енергенси.

Цената на барел на лондонскиот пазар порасна од почетокот на годината за околу 50 отсто, благодарение на зголемувањето на порарувачката за нафта среде заздравувањето на економиите, но и заради одлуката на ОПЕК за одржување на производството под претпадемиското ниво.

 

 

 

 

(Фото: ЕПА)